Агенцијата „Марили“ оваа година по втор пат на 30.03.2016 го организираше тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“  во „Холидеј Ин“ – Скопје.

Тематскиот ден вклучуваше шестчасовна едукативна програма на теми од  областа на медицината, фармацијата, козметологијата и бизнис психологијата.

 Воедно беа поставени и изложбени штандови , коишто ја  збогатија програмата.

 Тематскиот ден претставуваше содржинско надополнување на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од Македонија и од дијаспората“, која оваа година на  31. март  јубилејно се оддржа по 20 –ти пат.

Оваа година  по повод јубилејот покрај 20 статуетки, беа доделени и дополнителни 25 статуетки на успешни жени менаџери, кои добиле признанија во  предходните години а кои сеуште успешно менаџираат.  
Целта на овој проект е поддршка и афирмација на жената во бизнисот, на  нејзина лидерска позиција во менаџирањето во компаниите кадешто работат  но и во општеството.

Ни претставуваше задоволство да бидеме дел од оваа несекојдневна манифестација.
page image

brend-photo brend-photo brend-photo brend-photo brend-photo brend-photo