Фирмата САНПАП ДОО Скопје во Македонија е основана во јануари 2014 год. и е застапник на реномираната турска компанија İpek Kağıt Eczacıbaşı. Компанија İpek Kağıt Eczacıbaşı е лидер на турскиот пазар и пошироко и претставува синоним за квалитет, иновација и производство на висококвалитетни производи од хартија.

Компанијата е препознатлива по своите брендови Selpak, Solo, Silen и Servis, кои за домашна и комерцијална употреба .нудат широка, квалитетна и ценовно поволна палета на тоалетна хартија, хартија за бришење на раце, салфетки, хартиени марамчиња и сл. 

Меѓународното долгогодишно искуство, квалитетот, поволната цена, широкиот асортиман на производи, флексибилноста, ориентираноста кон купувачот, како и непосредната комуникација и брза реакција се основните начела на нашето работење.Создавањето на долгорочни партнерски односи со нашите клиенти, зголемување на задоволство од користењето на нашите производи и контиунирана грижа за клиентите, претставуваат наш стремеж во насока на реализација на нашите цели. 

 
brend-photo brend-photo brend-photo brend-photo brend-photo brend-photo